Активности

Четврток, 13 октомври 2016 година

Седумдесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 76. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги;
  2. Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на горенаведените Предлог-закони.

Комисијата, Предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието.                                                                               

Click