Активности

Четврток, 25 август 2016 година

Седумдесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 73. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа  Предлогот на законот за дополнување  на Законот за јавните патишта.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше на министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот. 

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click