Активности

Вторник, 23 август 2016 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија,  на вчерашната 72. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции- прво читање.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација,г-ѓа Марта Арсовска-Томовска.

Во образложението по Предлогот на законот претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г. Томислав Тунтев, г. Благоја Деспотоски, г. Драган Данев, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Софија Куновска и министерот за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска Томовска.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа ,,ЗА’’ и 2 гласа ,,Против” констатираше дека горенаведениот Предлог  на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.


Click