Активности

Среда, 27 јули 2016 година

Седумдесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 70. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше  министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, се поднесени 3 амандмани од страна на овластените предлагачи, по кои Комисијата водеше претрес и ги усвои.

Во претресот по амандманите по Предлог - законот учествува пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Газменд Алији и министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

По Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште изготвен е Дополнетиот предлог на законот во кој се вградени амандманите усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија.

На крајот од расправата, Комисијата Предлогот на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click