Активности

Четврток, 25 декември 2014 година

Седумнаесета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 17. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти; 
  2. Предлог-законт за изменување и дополнување на Законот за домување;
  3. Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлогот на законот e поднесен еден амандман од овластени предлагачи.

Во претресот по амандманот учествуваа пратениците: г-ѓа Роза Топузова-Каревска, г-ѓа Солза Грчева, г. Благоја Десопотоски и г-ѓа Лилјана Затуроска.

Комисијата за транспорт, врски и екологија не го усвои поднесениот амандман.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за домување е изготвен Дополнетиот предлог на закон во кој е вграден амандманот усвоен од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија.

Комисијата го разгледа Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање и водеше претрес по вкупно 46 амандманите поднесени од овластени предлагачи. 

Во Дополнетиот предлог на Закон за просторно и урбанистичко планирање вградени се 39 амандмани усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија. Останатите 6 амандмани не беа усвоени, а еден беше повлечен.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click