Активности

Среда, 18 март 2015 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 17. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог на закон за изменување на Законот за шумите - II читање; (Поднесен од: Илија Димовски, Талат Џафери, Марјанчо Колевски, Соња Талевска);
  2. Предлог-закон за изменување на Законот за хидрометеоролошка дејност - I читање;
  3. Предлог - закон за водостопанство - I читање;
  4. Предлог - закон за дополнување на Законот за земјоделски задруги - I читање.

На Комисијата по Предлог- законите во својство на повереници на Владата на Република Макеоднија присуствуваа, г. Бесир Јашари, државен секретар од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.Кои ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлог на законите учествуваше пратеникот Љупчо Димовски и Реџаиљ Исмаили.На крајот од расправата, Комисијата оцени дека горенаведените Предлог на законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Во однос на Предлог на законот за изменување на Законот за шумите, Комисијата водеше претрес по амандманот поднесен од овластени предлагачи, кој беше усвоен и вграден во Дополнетиот предлог на законот.

Click