Активности

Четврток, 20 февруари 2014 година, Брисел

Семинар на тема: Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”

Делегација на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, во состав од пратениците Станка Анастасова, Миле Пачемски и Беким Ќоку, присуствува на парламентарен семинар, кој се одржува во Брисел, Белгија.

Семинарот е во организација на Европскиот парламент на тема: „Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”. Воведно излагање за улогата и позицијата на Европскиот парламент во законодавството за здравството и заштитата на потрошувачите, како и нивна имплементација, даде г-ѓа Рената Сомер, пратеник во Европскиот парламент и член на Комитетот за јавно здравје и безбедност на храната.

Покрај другите учесници на семинарот, со свои дискусии учествуваа и пратениците Станка Анастасова и Миле Пачемски. Во својата дискусија, пратеникот Станка Анастасова ја нагласи улогата на здравството во контекст на европската иднина на регионот, заштитата на квалитетот на храната, како и надзорот и превенцијата на епидемиите, со посебен осврт кон ГМ-храната.

Пратеникот Миле Пачемски ги истакна приоритетните цели во здравствената дејност на Република Македонија, како и регулацијата на заштитата на потрошувачите преку интегриран систем за безбедност на храна.

Click