Активности

Петок, 27 мај 2016 година

Шеесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 65. седница, како матично работно тело, го разгледа Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2015 година.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на ЈРП Македонска радио телевизија присуствуваше претседателот на Програмскиот совет на МРТ, г-ѓа Снежана Клинчарова која го образложи Годишниот извештај

Во дискусијата учествуваа пратениците: Беким Фазлиу, Томислав Тунтев,  Благоја Деспотоски, Славе Гошев, Роза Топузова-Каревска, Лилјана Затуроска претседателот на Програмскиот совет на МРТ Снежана Клинчарова.

Претседателот на Програмскиот совет на МРТ, г-ѓа Снежана Клинчарова истакна дека за објективно, целосно и избалансирано известување се преземаат големи чекори, рекламирањето во 2014 година е заради големиот број на настани случени во таа година, во споредба со наредните години кои биле во недостиг на случувања кои ќе привлечат рекламирање. Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги распиша нов конкурс кој ќе ја мери гледаноста, а во однос на негувањето на македонскиот јазик МРТ е водечки сервис во оваа насока.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа ,,за” му предлага на Собранието на Република Македонија да го усвои следниот Заклучок:

  1. Собранието го разгледа Годишниот извештај за работата на  Македонската радио телевизија за 2015 година;
  2. Овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Македонската радио телевизија и Владата на Република Македонија.
Click