Активности

Понеделник, 14 март 2016 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 61. седница одржана, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа: 

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за водите;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронско управување;
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем.

На седницата на Комисијата во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: заменик -министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, г. Тимчо Муцунски и  министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски кои ги образложија Предлог-законите.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог- законите.

 Комисијата за транспорт, врски и екологија горенаведените Предлог- закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click