Активности

Понеделник, 27 јуни 2016 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 67. седница, одржана на 23 и 27 јуни 2016 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти во 2015 година;
  2. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  за 2015 година;
  3. Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2015 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник од Агенцијата за пошти, присуствуваше директорот, г. Влатко Атанасоски; од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, директорот, г. Зоран Трајчевски, а како претставник на Агенцијата за електронски комуникации – г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата.

Претставниците ги образложија Годишните извештаи.

Во дискусијата по Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година учествуваше пратеничката Лилјана Затуроска, а по Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2015 година - пратеничката Слаѓана Митовска.

Комисијата со по 6 гласа „за“ по првиет две точки, односно 7 гласа „за“ по третата точка, му предложи на Собранието на Република Македонија да усвои идентичен заклучок во однос на трите извештаи:  

  1. Собранието го разгледа Годишниот извештај;
  2. Овој заклучок заедно со Извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата.
Click