Активности

Вторник, 29 март 2016 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 63 седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување  на Законот за управување со отпадот;
  2. Предлогот на законот за изменување  на Законот за заштита на природата;
  3. Предлогот на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски и министерот за за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог - законите.

Во дискусијата по Предлог законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем учествуваше пратеникот Марјанчо Николов и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

 На крајот од расправата, Комисијата ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието. 

Click