Активности

Четврток, 10 март 2016 година

Шеесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија,  на денешната 60. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за зеленило - I читање.

На седницата на Комисијата во својство на повереник на Владата на Република Македонија присуствуваше државниот советник во Министерството за транспорт и врски, г. Мартин Оџаклиески.

Во образложението по Предлогот на законот, г. Оџаклиески ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваa пратениците: г-ѓа Лилјана Поповска, г-ѓа Лилјана Затуроска и државниот советник во Министерството за транспорт и врски, г. Мартин Оџаклиески.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа ,,за” и 1 глас ,,против” констатираше дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.


Click