Активности

Вторник, 24 февруари 2015 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на вчерашната 16. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за  дополнување на Законот за техничката инспекција;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат;
  3. Предлог-законот за  дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлог-законите не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи и Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието.

Click