Активности

Понеделник, 15 септември 2014 година

Шеста седница на Комисијата за економски прашања 

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеста седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Основните решенија на Предлог-законот се во насока на пропишување на одредби за условите и начинот на спроведување на електронската аукција во постапката за доделување на договорите за воспоставување на јавно приватно партнерство и воведување на можност за примена на електронска аукција при доделување на концесиите на добра од општ интерес. 

Исто така, се врши и  допрецизирање на одредени одредби  од законот кај кои се појавила дилема во текот на нивното спроведување. Со овој Закон ќе се опфатат сите јавни претпријатија и институции кои досега ја немаа уредено оваа постапка, односно немаат воведено електронска аукција.     Во претресот учествуваа претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љупчо Димовски, членот на Комисијата Драган Цуклев и заменик-министерот за економија.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека овој Предлог на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.



      

Click