Активности

Вторник, 2 септември 2014 година

Шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 6. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот  на  законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (скратена постапка);
  2. Годишниот извештај за реализација на програмата за работа на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа, г-ѓа Марта Арсовска Томовска, заменик на министерот за информатичко општество и администрација.

Заменик- претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе два амандмани заради прецизирање на текстот на Законот.

Претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство и претседател на управниот одбор, Драги Стојаноски го образложи Годишниот извештај за реализација на програмата за работа на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Стојан Миланов, Рамис Мерко и Драги Стојаноски, претседател на управниот одбор.

На крајот од расправата, Комисијата, едногласно го усвои Годишниот извештај, додека Предлог-законот го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Click