Активности

Среда, 8 октомври 2014 година

Шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 6. седница одржана на 7 октомври 2014 година, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г.  Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и г-ѓа Сузана Кратовалиева, директор на Државната фитосанитарна лабораторија.

Претставникот на Владата, Ванчо Костадиновски ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Со донесувањето на измените и дополнувањето на законот се врши исполнување на три стратешки приоритети од Програмата на Владата на Република Македонија. Со користењето на акредитираните методи за испитување се зголемува конкурентноста на македонските производи не само на националниот - домашен пазар, туку и кај оние кои се извозно ориентирани. Резултатите врз кои ќе можат да го направат извозот се добиваат за релативно краток период од три до пет дена. На ваков начин се заштедува девизен одлив кај земјоделските производители и операторите со храна, кои согласно измените ќе плаќаат само за реално направените материјални трошоци за испитување на производите. Стратешки приоритет кој се исполнува е и безбедното користење на производите за заштита на растенијата, со што се зголемува безбедноста на животната средина и заштитата на здравјето на растенијата.  - истакна Сузана Кратовалиева.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: Реџаиљ Исмаили, Љупчо Димовски и Силвана Бонева. 

На крајот од расправата, Комисијата едногласно оцени дека Предлогот на  законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click