Активности

Вторник, 24 февруари 2015 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 16. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите - II читање;
  2. Предлог-законот за  дополнување на Законот за ловството - II читање;
  3. Предлог- законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни - II читање;
  6. Предлог-законот за изменување на Законот за шумите - I читање (поднесен од: Илија Димовски, Талат Џафери, Марјанчо Колевски, Соња Талевска).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот, не се поднесени амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, Предлог-законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни.

По Предлог-законот за дополнување на Законот за ловството, беа поднесени вкупно два амандмани, од кои едниот беше повлечен од страна на предлагачот, а другиот со 7 гласа „за“ усвоен.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција беше поднесен еден амандман од овластените предлагачи. Комисијата со 7 гласa „против“, не го усвои предложениот амандман.

Претставникот на предлагачот по Предлогот на законот за изменување на Законот за шумите, пратеникот Марјанчо Колевски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. Во дискусијата учествуваше пратеникот Соња Талевска. 

  • На крајот од расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 
Click