Активности

Понеделник, 26 октомври 2015 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМИСИИТЕ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВО ТИРАНА

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Ермира Мехмети, а во чиј состав беше и членот на Комисијата г-ѓа Лидија Димова која воедно е претседател и на Националниот совет за евроинтеграции, учествуваа на дводневната Конференција на комисиите за европски интеграции/прашања на земјите учеснички во процесот за стабилизација и асоцијација на земјите од Југоисточна Европа- КОСАП, што се одржа на 22-24 октомври 2015 година во Тирана, Република Албанија.

Во рамките на Конференцијата, нашата собраниска делегација учествуваше со свои излагања и видувања на сите предвидени панели, посветени на: „Поблиска Регионална соработка-Парламентарни Предизвици , „Поттикнување на инклузивноста и интеракцијата помеѓу сите чинители на Евроинтегративниот процес„ и „Парламентарниот пристап кон Берлинскиот Процес,,.

Претседателот на Комисијита за европски прашања,г-ѓа Ермира Мехмети која воедно беше и главен модератор на првиот панел посветена на Поблиската Регионална соработка-Парламентарни Предизвици акцентот го стави на продлабочување на соработката меѓу сите земји од регионот како единствена алтернатива за нивно побрзо и поквалитетно итегрирање во Европската унија. Таа истакна дека регионалната соработка не смее и не може да биде само декларативна, изрзена преку говорите на политичките чинители,туку таа треба да биде вистинска недвосмислена,преточена преку разни проекти и активности кои ќе дадат еден нов дух и енергија на целиот регион.На крајот изрази надеж за надминување на сите политички предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот во интерес на Европската перспектива на граѓаните на овие држави кои тоа го заслужуваат.

Пратеникот Лидија Димова учествуваше со свое обраќање на панелот посветен на ,,Парламентарниот пристап кон Берлинскиот Процес,,. Димова се осврна на актуелните случувања во Македонија, застојот во евроинтегративниот процес на земјата кој ја оспорува динамиката на европските реформи. Кога станува збор за Берлинскиот процес таа нагласи дека истиот е исклучителна одлична можност и шанса за сите земји од регионот за предвижување на евроинтегративниот процес. Особено треба да се земе во предвид и економската реформа која ја предвидува Берлинскиот процесот и која мора сериозно да се прифати а не да се злоупотребува. Во излагањето Димова истакна дека земјите од регионот мора европски да почнуват да размислуваат,буџетите на истите да бидат носени и проектирани на транспарентен начин и да бидат основа на економскиот развој и двигател на Евроинтегративните процеси. Се осврна и на Виенскиот самит во кој се случи да процесот се киднапира од бегалската криза и овој момент со економскиот развој беше засенет со кризата.

Исто така, зборуваше и за неопходноста на канцелариите за млади кои се предвидени да се отвараат согласно Берлинскиот процес, за кои информираше дека се заживеани во Тирана и Блеград а не и во другите главни градови од кои може да биде и Скопје. Земјите кои присуствуваа на КОСАП-Тирана се договорија наредното претседателство да го превзема Босниа и Херцеговина.

Click