Четврток, 2 јануари 2014 година
Состанок на Клубот на пратенички
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија на 30 декември 2013 година одржа состанок со следниот дневен ред:
- Усвојување на извештај за едногодишното работење на Клубот на пратенички;
- Избор на координаторка на Клубот на пратенички за следниот едногодишен период.
Координаторката Лилјана Кузмановска ги запозна пратеничките со Извештајот за работата на Клубот во периодот од 1 октомври 2012 до 30 декември 2013 година, при што се разви дискусија.
Едногодишниот извештај на Клубот беше едногласно усвоен.
За координаторка на Клубот на пратенички во следниот едногодишен период е избрана пратеничката Тања Томиќ.