Активности

Понеделник, 21 март 2016 година

Средба на Димова со претставници на НМСМ

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова денеска се сретна со претставниците на Националниот младински совет на Македонија, Ивона Крстевска, генерален секретар на НМСМ, Иван Јованов, член на Управен одбор на НМСМ и Симона Сарделиќ, член на Управен одбор на НМСМ.

На состанокот присуствуваше и пратеникот Кенан Хасипи, претседател на Мешовитиот комитет на ЕУ-РМ.

Националниот младински совет на Македонија ги опфаќа сите млади чинители, составен е од 67 млади организации со мешан состав, тука се вклучени и 10 политички подмладоци. Тој е мост помеѓу младите и институциите и ги јакне капацитетите на членките за да можат да одговорат на сите предизвици.

Целта на средбата со претставниците на младите е да се започне поголема соработка со институциите, МНСМ да стане препознатлив и да делува како официјален партнер во расправите за сите прашања во врска со младите.Претседателот на Мешовитиот комитет на ЕУ-РМ, Кенан Хасипи се интересираше од кои партии се 10 подмладоци и им препорача на младите да ги стават младинските прашања во фокусот, потоа колку младите се застапени во органите на своите партии, во власта. Тој се интересираше за соработката на НМСМ со Европскиот младински форум.

Претставниците на НМСМ информираа дека се членка на Европскиот младински форум, а за две години ќе станат полноправна членка со право на глас.

Пратеничката Димова ги информираше претставниците на НМСМ како се најдоа во Резолуцијата на Европскиот парламент, дека двајца европратеници со амандман реагирале за НМСМ и им препорача да стапат во контакт со тие европратеници и да ги запознаваат со своите активности. 

Од средбата произлезе заклучок пратениците да се заложат од Буџетот на Република Македонија да се партиципира за работата на НМСМ, поголем буџет за младите и за нивните активности.

Click