Активности

Среда, 15 октомври 2014 година

Средба на г. Антонијо Милошоски со финскиот амбасадор, г. Тимо Рајакангас

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, оствари работна средба со финскиот амбасадор, г. Тимо Рајакангас, кој е во неколкудневна посета на Република Македонија.

На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на македонско-финските односи, како и за реформските активности коишто Република Македонија ги презема во насока на достигнување на европските стандарди.

Во контекст на неодамна објавениот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, амбасадорот ја истакна поддршката за започнување на преговори за членство на Република Македонија.
Click