Активности

Вторник, 12 август 2014 година

Средба на г-ѓа Ермира Мехмети со г. Чарлс Едмонд Гарет

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Ермира Мехмети, оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, г. Чарлс Едмонд Гарет.

На средбата стана збор за евроатлантските интеграции на Република Македонија, при што г-ѓа Мехмети истакна дека тоа е стратешка определба на земјата, зад која стојат и позицијата и опозицијата.

Во таа насока, изрази загриженост поради најавата дека Европската комисија во новиот мандат нема да има еврокомесар за проширување. Госпоѓа Мехмети укажа на важноста оваа функција и понатаму да постои, со што од една страна Унијата ќе покаже дека проширувањето е во нејзината агенда, а од друга страна тоа ќе им дава потстрек на земјите-кандидатки и понатаму посветено да работат на потребните реформи за ЕУ зачленување. 

Во разговорот, претседателот на Комисијата за европски прашања, исто така, го запозна новоименуваниот британски амбасадор и со актуелните состојби во Република Македонија, во пресрет на 13-годишнината од Охридскиот рамковен договор, претстојниот есенски самит на НАТО, како и годишниот извештај  за напредокот на земјата во октомври годинава. 

Click