Активности

Понеделник, 22 декември 2014 година

Средба на г. Рафис Алити со г. Алфрет Пеза и група пратеници од Собранието на Република Албанија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Алити, денеска прими делегација на група пратеници од Собранието на Република Албанија, предводена од г. Алфрет Пеза, која на почетокот изрази задоволство за остварената средба, со желба за соработка во повеќе области.

Потпретседателот Алити ја запозна делегацијата од Албанија со моменталната состојба во држвата, се разговараше за актуелните состојби во нашата земја и за разменувањето на парламентарните искуства во двете држави.

Беше потенцирана одличната соработка и интензивирањето на парламентарната соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, за што и двете страни ќе дадат свој придонес. Притоа, апелираа за враќање на опозициските пратеници во Собранието, и оценија дека за добро на демократијата е дебатата да се одвива внатре во Собрание.

На средбата беше разговарано и за албанската заедница која живее во Република Македонија и за нејзината позитивна општествена и економска активност. Исто така, беше разговарано за прашањето за европската интеграција на Република Македонија, како нејзина приоритетна цел.

Понатаму, беше потврдена позитивната билатерална соработка и заклучено дека нејзиното натамошно зацврствување е од заемен интерес на двете земји.

Во контекст на добрососедските односи, делегацијата од Албанија ја повтори поддршката за членство на Република Македонија во НАТО.

Потпретседателот Алити искажа благодарност до своите колеги за поддршката која Република Македонија ја добива во однос на евроатлантските интеграции, особено во однос на членството во НАТО алијансата, каде што Албанија е членка.

Click