Активности

Вторник, 12 мај 2015 година

Средба на Комисијата за одбрана и безбедност со латвискиот министер за одбрана, г. Рејмондс Вејонис

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, оствари средба со г. Рејмондс Вејонис, министер за одбрана на Република Латвија.

На средбата, покрај претседателот на Комисијата, г. Емил Димитриев, присуствуваа и членовите: г. Павле Трајанов, г-ѓа Нада Ципушева, г. Марјанчо Колевски, г. Талат Џафери, г-ѓа Вјолца Мехмети-Нуредини и г. Чедомир Саздовски.

Во своето воведно обраќање, претседателот Димитриев, посакувајќи им добредојде на гостите, изрази задоволство да се биде домаќин на оваа средба особено што односите на двете земји се на високо ниво во сите сегменти, со можност за нивно унапредување и продлабочување. 

Во однос на парламентарната соработка, формирани се парламентарни групи за соработка помеѓу двете земји.

Изминативе години се постигнати значајни реформи во однос на одбраната, во поглед на исполнување на критериумите за членство во НАТО.

Министерот Вејонис посочи дека како пријатели на Македонија, ја поддржуваат во нејзините аспирации кон НАТО и ЕУ семејството. Латвија, како земја претседавач со ЕУ, го поддржува проширувањето со земјите од Западен Балкан, и воедно тоа е една важна задача од претседателството.

Присутните се согласија дека размената на кадети помеѓу воените школи, како и можностите за обуки на специјалните воени единици, ќе ја зацврстат соработката на двете земји.

Беше истакнато дека Македонија е лидер во регионот во две области, и тоа - школата за пилоти и полигонот Криволак.

Она што останува како предизвик, е зголемувањето на буџетот во поглед на одбраната, а што поскорешна интеграција во ЕУ и НАТО алијансата, ќе влијаат на стабилноста на регионот, бидејќи ние и територијално сме дел од ЕУ и споделуваме исти вредности.

Click