Активности

Четврток, 29 октомври 2015 година

Средба на потпретседателката Дескоска со белгискиот амбасадор Калстер

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Белгија во Република Македонија, г-ѓа Аник ван Калстер.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, при што амбасадорката Аник ван Калстер укажа на целосна имплементација на договорот од Пржино.

Исто така, беше разговарано за потребата да се најде решение за досега отворените прашања од договорот во Пржино за да може да се помине кон исполнување на другите обврски во договорот, меѓу кои и оној за подобрување на состојбите во медиумите.

Click