Активности

Среда, 9 март 2016 година

Средба на потпретседателката Дескоска со г. Џемс де Вит

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска денеска оствари средба со шефот на Одделот за политички прашања на ОБСЕ, г. Џемс де Вит.

На средбата се разговараше за работата на Собранието и актуелната политичка состојба, особено за потребата од прочистување на избирачкиот список.

На средбата беше укажано дека прочистувањето на избирачкиот список е од суштинско значење за одржување на слободни и фер избори.

Притоа Дескоска укажа на бројните јавно обелоденети случаи на фантомски гласачи запишани на непостоечки адреси, на случаите на запишани избирачи на туѓи адреси, на присуството на лица во избирачкиот список кои немаат право согласно Изборниот законик да бидат запишани во него, на недостатокот на информации кои лица се иселени од Република Македонија, со цел да бидат запишани на посебен извод на избирачкиот список и друго.

Исто така, Дескоска го информираше Де Вит и за иницираната дебата за општите состојби во образованието и укинувањето на екстерното тестирање, за законскиот предлог за укинување на радиодифузната такса и другите законски иницијативи поднесени во Собранието.

Click