Активности

Понеделник, 26 октомври 2015 година

Средба на потпретседателката Дескоска со полскиот амбасадор Мултановски

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, г. Јацек Мултановски.

Таа истакна дека Република Полска е наш традиционален пријател и дека билатералниот однос е со висок степен на пријателство.Полскиот амбасадор, г. Јацек Мултановски, истакна дека Република Полска го поддржува процесот на евроинтеграции на Република Македонија и укажа од потребата за почитување на роковите и преземените обврски од договорот од Пржино.

На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата парламента и за соработката меѓу НВО-секторите заради јакнење на цивилното општество во Република Македонија.

Исто така беше истакнато дека Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици кои ќе имаат влијание врз иднината на земјата и нејзината евроинтеграција.

Click