Активности

Среда, 4 март 2015 година

Средба на потпретседателот Алити со новоименуваниот американски амбасадор, Н.Е. Џес Бејли

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Алити, го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата, потпретседателот Рафис Алити искажа задоволство за пријателските односи меѓу двете држави и од поддршката која Соединетите Американски Држави континуирано ѝ ја даваат на Република Македонија.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, за политичката состојба во Република Македонија, меѓуетничките односи и се нагласи стратешкото пријателство помеѓу двете земји во сите полиња.

Потретседателот Алити искажа убедување дека како и со претходните амбасадори на САД, така и сега, ќе продолжи успешната соработка и со г. Бејли.

Амбасадорот Бејли ја потврди поддршката на САД за што побрзо зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Соработката ќе биде унапредена во периодот кој следи, како во однос на продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, така и во однос на други прашања значајни за двете страни.

На крајот на средбата, потпретседателот Алити му посака успешна работа на амбасадорот Џес Бејли.

Click