Активности

Четврток, 17 септември 2015 година

Средба на потпретседателот Дескоска со американскиот амбасадор Бејли

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари средба со американскиот амбасадор во Република Македонија, г. Џес Бејли.

На средбата амбасадорот Бејли беше информиран за работата на пратеничката група на опозицијата во Собранието на Република Македонија и за предлог-законите што опозицијата ги поднесе.

Амбасадорот Бејли изрази задоволство од исполнувањето на договорот за избор на специјален јавен обвинител и ја нагласи потребата за што поскоро формирање и почеток на работата на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Исто така, на средбата беше нагласено дека договорот од Пржино и почитување на дадените рокови се од суштинско значење за одржување на фер и демократски избори и за разврска на политичката криза во Република Македонија.

Click