Активности

Вторник, 22 септември 2015 година

Средба на потпретседателот Дескоска со претставници од Социјалдемократската младина на Финска

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, денеска оствари средба со претставници од Социјалдемократската младина на Финска.

На средбата потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Рената Дескоска, ги запозна гостите со составот и со работата на парламентот.

Гостите од Финска изразија посебен интерес околу подготовките за претстојните избори, при што поставија повеќе прашања за спроведувањето на договорот од Пржино.

Од страна на г-ѓа Дескоска гостите беа запознати со потребните реформи во изборното законодавство и од потребата за прочистување на избирачкиот список, како и од нужноста за подобрување на состојбата во медиумите.

На крајот од средбата беше констатирано дека реформите во изборната и медиумска сфера се нужен предизвик за фер и демократски избори.

Click