Активности

Четврток, 12 март 2015 година

Средба на потпретседателот Милошоски со државниот секретар за европски прашања на Република Португалија, г. Бруно Макаеш

Во рамките на работната посета на Државниот секретар за европски прашања во МНР на Република Португалија г. Бруно Макаеш на Република Македонија, вчера беше остварена средба и со членовите на Комисијата за европски прашања.      

На средбата, со која претседаваше потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, а присуствуваа членовите и замениците на Комисијата: Силвана Бонева, Кенан Хасипи, Шпреса Хадри,  Нола Исмајлоска и Марија Ангелова, беше истакнато дека дипломатските односи меѓу двете земји, ги карактеризира пријателство и соработка во повеќе полиња.    

Во однос на нашите евроатлантски аспирации, државниот секретар Макаеш ја потврди посветеноста на Република Португалија да го подржува процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како услов за  стабилност и безбедност на регионот.        

Во дискусиите беше потенцирана потребата за добивање на датум за преговори за ЕУ членство на Република Македонија од страна на Советот на ЕУ, бидејќи земјата посветено работи на европските реформи, и како резултат на тоа, во повеќе наврати, добива препораки за почеток на преговорите од страна на Европската комисија и Европскиот парламент. 

Исто така, беше укажано и на потребата за изнаоѓање на компромис  за прашањето за употребата на нашето уставно име, што Република Македонија го има со Република Грција, со цел да се откочи процесот и земјата да почне да преговара по поглавјата. 

Во таа насока, се истакна, дека за Република Македонија ќе бидат корисни евоинтегративните искуства на Португалија, но и нејзната поддршка при донесувањето на позитивна одлука за  почеток на преговорите во рамките на ЕУ.

Click