Активности

Вторник, 26 август 2014 година

Средба на потпретседателот Милошоски со вонреден и ополномоштен амбасадор, Марули Туа Сагала

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија,  г. Антониjо Милошоски денеска оствари проштална средба со г. Марули Туа Сагала, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија за Република Македонија, со седиште во Будимпешта.

На средбата присуствуваше и г. Васко Наумоски, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Индонезија.

Потпретседателот Милошоски изрази благодарност до амбасадорот за средбата и за придонесот во билатералните односи каде оставил свој личен печат, окарактеризирајќи ги како пријателски, со надеж дека следниот амбасадор ќе ја има истата енергија и ќе донесе гости и соработка со бизнис заедниците.

Тој ја истакна и меѓусебната поддршка на Индонезија и Македонија на меѓународен план.

Амбасадорот Сагала упати благоданост до Собранието за позитивната поддршка при функционирањето како амбасадор во Македонија. Тој ги запозна присутните со моменталната политичка состојба во Индонезија, минатогодишните парламентарни избори, изборот на нов претседател на Индонезија, како и досегашните постигнувања во регионот.

Останува и понатаму приоритет унапредување на взаемната економска соработка, како и интерес за потпишување на договор за одбегнување на двојното оданочување.

Соговорниците се согласија дека односите се унапредени, а граѓаните го поддржуваат јакнењето на односите меѓу Македонија и Индонезија.

 

 

Click