Активности

Петок, 4 декември 2015 година

Средба на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари билатерална средба со делегација од Парламентот на Чешката Република, предводена од г. Јан Хамачек, претседател на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група, г. Петре Шилегов, присуствуваа и членовите: г. Крсто Мукоски, г. Драган Цуклев, г-ѓа Олга Најденовска, г-ѓа Сузана Секуловска, г. Талат Џафери и г. Стојко Пауновски.

На билатералната средба се разговараше за досегашната соработка меѓу двата парламента и за продлабочување на понатамошната соработка.

Стана збор и за актуелната мигрантска криза и за предизвиците со кои се соочуваат земјите зафатени со истата.

Исто така, чешката делегацијата ѝ даде поддршка на Република Македонија на патот кон Европска унија и НАТО.

Click