Активности

Понеделник, 26 октомври 2015 година

Средба на пратеничката Димова со холандскиот амбасадор Пломп

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Лидија Димова, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, г. Вилем Ваутер Пломп.

Ова беше подготвителен состанок за средбата што треба да се одржи во четврток со заменик-министерката за надворешни работи на Кралството Холандија, г-ѓа Рене Џоунс-Бос и претставници на Националниот совет за евроинтеграции.

На средбата стана збор за Националниот совет за евроинтеграции во процесот на пристапување на Република Македонија во Европска унија, особено во пресрет на холандското претседателство кое почнува од 1 јануари 2016 година.

На средбата, исто така, се зборуваше и за последиците од бегалската криза.

Соговорниците се согласија дека Берлинскиот процес е битен за политиката на проширување на Западен Балкан, а за холандското претседателство подеднакво се битни и младите и граѓанското општество.

Click