Активности

Понеделник, 2 февруари 2015 година

Средба на Пратеничката група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Народна Република Кина со раководителите на Центрите на плански региони


Пратеничката група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Народна Република Кина одржа средба со раководителите на Центрите на плански региони на општините во Република Македонија.

На средбата покрај претседателот на Пратеничката група, г-ѓа Силвана Бонева,  присуствуваа и членовите: г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Рамиз Мерко и г-ѓа Роза Топузова-Каревска. 

Од осумте плански региони на Општините во Република Македонија, присуствуваа следните раководители: г-ѓа Мирјана Лозаноска од Центарот на Југозападниот регион, г-ѓа Емилија Героска од Центарот на Пелагонискиот регион, г. Шефик Зендели од Центарот на Полошкиот регион, г-ѓа Анета Лозаноска од центарот на Скопскиот регион, г. Емил Василев од Центарот на Источниот регион и г-ѓа Жулиета Ѓургова од Центарот на Југоисточниот регион.

На средбата присуствуваше и г. Диме Ратајковски, главен уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.

Средбата беше иницирана од членовите на Пратеничката група, со желба да се слушнат плановите и визиите на планските региони, до каде се со елаборати за сите проекти за локална самоуправа.

По излагањето на проектите од страна на раководителите, г-ѓа Бонева истакна дека е најдобро да се достават списоци со готова техничка документација за приоритетните проекти кои ќе се понудат до инвеститорите. 
Click