Активности

Четврток, 24 септември 2015 година

Средба на пратеничката Лидија Димова со романскиот конзул Килом

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Лидија Димова, денеска, на негово барање го прими г. Емилијан Килом, конзул на Република Романија, во Република Македонија.

На средбата г. Килом се претстави себеси и својата работна агенда при што изрази негова подготвеност за соработка со Националниот совет за евроинтеграции.  Романскиот конзул, г. Емилијан Килом, го поздрави враќањето на опозицијата во парламентот и изрази надеж дека договорот од Пржино ќе се спроведува целосно и во предвидениот рок.

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Лидија Димова истакна дека стратегијата за проширување на ЕУ предвидува пристапните преговори да започнат со Поглавјата 23 (Судство и темелни права) и Поглавјето 24 (Правда, безбедност и слобода).

Многу поефикасно и униформно ќе се спроведат Заклучоците на Советот од 25-26 јуни во целиот регион ако се тие вградени во реперите предвидени за исполнување во Поглавјето 24.

За таа цел, и имајќи го предвид Берлинскиот процес, таа предложи да добиеме уште еднаш препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, Европската комисија да констатира во новата Стратегија за проширување 2015-2016 дека Западен Балкан не е проблемот, туку е решението на кризата и да предвиди активности во делот посветен на Берлинскиот процес, и Грција да дозволи почеток на пристапните договори свесна за бегалската криза и свесна дека си помога себеси во овие тешки времиња.

Click