Активности

Вторник, 9 јуни 2015 година

Средба на пратеникот Ермира Мехмети со амбасадорот Ернесто Белели

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Ермира Мехмети, денеска оствари средба со амбасадорот  на Република Италија  во Република Македонија, Н.Е. Ернесто Белели.

На средбата, стана збор за актуелната политичка ситуација во земјата, во светлото на актуелниот меѓупартиски дијалог, а во пресрет на претстојната средба во Брисел, на политичките лидери на партиите со комесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Притоа, пратеничката Мехмети, ја потенцира нашата определба за европска перспектива на Република Македонија, зад  која стојат сите политички партии, како и  мнозинството граѓани во земјата. Во таа насока, таа го поздрави и го истакна значењето на медијаторството на меѓународната заедница, за излез од политичката криза во земјата.

Двајцата соговорници се согласија дека Парламентот, како претставнички дом на сите граѓани има голема улога во развојот на демократските процеси и потребните реформи во државата, како и во крајната разрешница на сегашните политички случувања во земјата. Во врска со случајот во Куманово, беше истакнато дека ѝ штети на евроатлантската  перспектива на земјата, но и пошироко на целиот регион, како закана за неговата безбедност.

Амбасадорот Белели, ја истакна важноста за продлабочување на парламентарната соработка на двете пријателски држави, при што упати покана за посета на делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на  Парламентот на Република Италија во текот на септември оваа година. 

Click