Активности

Вторник, 17 февруари 2015 година

Средба на пратеникот Крсто Мукоски со унгарскиот амбасадор, Н.Е. Јожеф Бенце 

На негово барање, амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е. д-р Јожеф Бенце, оствари средба со претседавачот на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, г. Крсто Мукоски.

На средбата беше разговарано за прашања од областа на економските политики кои се спроведуваат во Република Македонија и Република Унгарија, како и улогата на парламентите во донесувањето на мерките на економските политики. 

Притоа, беа споделени позитивните искуства од работењето на Комисиите за финансирање и буџет на Парламентите на двете земји. 

Исто така, се укажа на потребата од поголема соработка помеѓу Комисиите за финансирање и буџет на Парламентите на двете земји, како и меѓу Пратеничките групи за соработка на Парламентите на Република Македонија и Република Унгарија. 






                                            

Click