Активности

Четврток, 2 октомври 2014 година

Средба на пратеникот Нора Алити со г. Јанез Копач

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити, оствари средба со директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, г. Јанез Копач, на која стана збор за активностите на Република Македонија за реализација на последната фаза на усогласување на македонското законодавство со правото на Европската унија, а кое се однесува на усогласувањето со уште две директиви и две регулативи од т.н. „Трет пакет". 

Притоа, беше речено, дека со ова усогласување, би требало да се регулираат заедничките правила и условите за пристап на мрежите за прекугранична размена во внатрешниот пазар на електрична енергија и природен гас во Европската унија. 

Во врска со Договорот за енергетската заедница меѓу земјите од Југоисточна Европа и Европската заедница, се истакна дека со потпишувањето на овој договор, бенефициите од внатрешниот пазар на енергија на Унијата се проширија и на земјите потписнички, меѓу кои е и Македонија.

Click