Активности

Четврток, 12 март 2015 година

Средба на заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити со г. Бруно Макаеш

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити денеска имаше одделна средба со Државниот секретар за европски прашања во МНР на Република Португалија, г. Бруно Макаеш, кој е во дводневна посета на Република Македонија.       

Заменик-претседателот Алити го информира г. Макаеш за парламентарниот аспект на евроинтегративните процеси на Република Македонија, при што го запозна со активностите на Комисијата за европски прашања, во чија надлежност е парламентарната контрола над ЕУ процесите во земјата. Во таа насока, таа ја потврди определбата на Македонија да работи на потребните ЕУ реформи, за што постои политички, граѓански и етнички  консензус, со цел европските вредности да бидат имплементирани во земјата.  

Сепак, истакна, дека предолгото чекање на почеток за преговори и покрај шестте последователни позитивни препораки од страна на Европската комисија во годишните извештаи за напредокот на земјата, влијаеа негативно врз политичките процеси во земјата и придонесоа за политичката криза. Поради тоа, таа посочи дека за надминување на сегашните влошени политички состојби во Република Македонија потребно е  вклучување и медијација од страна на  ЕУ.    

За таа цел, Алити  побара поддршка од Португалија, како земја членка на ЕУ и поддржувач на процесот на проширување во ЕУ.

Господинот Макаеш, осврнувајќи се на евроатланските аспирации на Македонија, посочи дека Португалија е подготвена да ги сподели своите евроинтегративни искуства во иднина, при што истакна дека процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, треба да продолжи, со цел и тие да станат дел од европското семејство, со што ќе се придонесе за поголема стабилност и безбедност на регионот, но и на Европа пошироко.  

Click