Активности

Четврток, 27 август 2015 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на  денешната Триесет и четвртата седница, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција (по скратена постапка);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила (по скратена постапка).
Воведно образложение по поднесените Предлог-закони даде  заменикот на министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Тој истакна дека со  Законот за техничката инспекција (“Службен весник на Република Македонија“  број 88/08,119/10,36/11,136/11,164/13,41/14,33/15 и 61/15) со овој закон се уредуваат надлежноста и организацијата на Државната техничка инспекција, начинот на вршење на техничката инспекција при користење на техничката опрема и условите кои треба да ги исполнуваат независните правни лица за вршење на технички прегледи и периодични испитувања, како и начинот на пропишување на техничките прописи за техничка опрема. Во рамки на Законот е уредена и прекршочната политика во оваа дејност, врз основа на која надлежните инспекциски органи вршат надзор и изрекуваат прекршочни санкции, во случај на констатирани прекршоци од страна на правното лице и трговец поединец: Секој тип на производ наменет за пуштање на пазар во Република Македонија, производителот не го пријави до Инспекторатот;секој корисник не спроведе постапка за ставање во употреба на техничката опрема во согласност со соодветниот технички пропис за вршење на технички преглед и периодично испитување, по спроведениот прв технички преглед, во зависност од техничкиот пропис за предметната техничка опрема, корисникот до Инспекторатот не поднесе барање за ставње во употреба на техничката опрема веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на добивањето на извештајот од извршениот преглед на опремата , корисникот на техничката опрема во секое време не овозможи непречено вршење на инспекцискиот надзор од страна на државните технички инспектори со непосреден увид во техничката опрема и техничката документација , корисникот не ги реализира активностите според распоредот за вршење на техничкиот преглед и периодичните испитувања утврден во соодветниот технички пропис.

Додека со Законот за возила г. Делев посочи дека со него се утврдуваат условите за пуштање на пазар и почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и регистарот на податоци за возилата. Целта на законот е обезбедување на висок степен на безбедност на сообраќајот на патиштата и при изведување на земјоделски и шумски работи, заштита на животот и здравјето на луѓето, заштита на животната средина и природата и енергетската ефикасност. Во рамки на Законот за возила е уредена и прекршочната политика, врз основа на која надлежните инспекциски органи вршат надзор и изрекуваат прекршочни санкции, во случај на констатирани прекршоци од страна на правните лица при вршење на работите од нивната надлежност.  Предложените измени на Законот за возила во делот на прекршочните одредби се подготвени заради усогласување со новиот Закон за прекршоци, кој е усвоен на 11 седница на Собранието на Република Македонија одржана на 22.07.2015 година, а кој предвидува примена на нова методологија за одмерување на глобите која што се заснова на критериумите „вкупен приход остварен во претходната фискална година“, „просечен број на вработени“ и „претходно поведение на сторителот“.   

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието по Предлог на законите не беа поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата за економски прашања ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 

Click