Активности

Петок, 3 јули 2015 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 34. седница, одржана на 1 јули 2015 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (второ читање);
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање);
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта.

Во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, г. Хаљими ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието.  



Click