Активности

Вторник, 13 октомври 2015 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 34. Седница, одржана на 8 и 9 октомври 2015 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделските производи;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделски задруги;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанство;
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;
  8. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Панче Орцев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, се поднесени вкупно 8 амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството.

Два од нив беа поднесени од пратеникот Роза Топузова-Каревска, а предлагачи на преостанатите шест амандмани беа пратениците Панче Орцев, Сашо Поцков, Мира Стојчевска, Милева Ѓорѓиева и Марјан Даскаловски, кон кои се приклучи и пратеникот Горан Сугарески. 

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Панче Орцев, Марјан Даскаловски, Мира Стојчевска, Ромео Тренов, Реџаиљ Исмаили и Марјанчо Колевски. Еден од амандманите предлагачите го повлекоа, а преостанатите седум не беа усвоени.

- Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделските производи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, беа поднесени по 9 амандмани, по три од пратеникот Роза Топузова-Каревска и по шест од пратениците Панче Орцев, Сашо Поцков, Мира Стојчевска, Милева Ѓорѓиева и Марјан Даскаловски, кон кои се приклучи и пратеникот Горан Сугарески. Комисијата не усвои ниту еден од амандманите.

- Што се однесува на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделски задруги, претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани.

- По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, беа поднесени два амандмани од страна на пратениците Панче Орцев, Сашо Поцков, Мира Стојчевска, Милева Ѓорѓиева и Марјан Даскаловски, кон кои се приклучи и пратеникот Горан Сугарески. Комисијата со по 3 гласа „за“ и 5 „против“, не ги усвои истите.

  • Комисијата ги проследи овие шест Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието. 
- Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, како и на Законот за водостопанство, вграден е по еден амандман, поднесен од пратениците Панче Орцев, Сашо Поцков, Мира Стојчевска, Милева Ѓоргиева, Марјан Даскаловски и Горан Сугарески. а по еден, односно два предложени амандмани од истите пратеници не беа усвоени.
Click