Активности

Четврток, 29 октомври 2015 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Триесет и деветтата седница одржана на 27 октомври 2015 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство;
  2. Предлогот на закон за дополнување на Законот за енергетика.

Воведно образложение по Предлог- законите даде заменикот на министерот за економија, г. Христијан Делев. 

Во однос на Предлог-законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство тој истакна дека  Министерството за економија пристапило кон дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, во насока постапката за доделување нова концесија или јавно приватно партнерство, да започне шест месеци пред истекот на тековната концесија или јавно приватно партнерство. Со Предлогот на законот се пропишува дека во случај на спроведување на нова постапка за доделување на концесија на добра од општ интерес или договор за воспоставување на јавно приватно партнерство истата треба да започне шест месеци пред истекот на тековната концесија или јавно приватно партнерство. Со воведувањето на оваа законска одредба ќе се обезбеди навременост и  континуитет во реализација на предметната концесија или јавно приватно партнерство.

Додека по Предлогот на закон за дополнување на Законот за енергетика заменик-министерот Делев истакна дека Министерството за економија пристапило кон дополнување на Законот за енергетика, во насока постапката за доделување на нов договор за воспоставување на јавно приватно партнерство да започне шест месеци пред истекот на тековниот договор за воспоставување на јавно приватно партнерство. Со Предлогот на законот се пропишува дека во случај на спроведување на нова постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство истата треба да започне шест месеци пред истекот  на договорот за јавното приватно партнерство. Со воведувањето на оваа законска одредба ќе се обезбеди навременост и  континуитет во реализација на предметните јавно приватни партнерства.Во претресот учествуваа пратениците Васко Ковачевски и Драган Цуклев.

На крајот од расправата, Комисијата едногласно заклучи дека горенаведените Предлог - закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click