Активности

Четврток, 21 јануари 2016 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 39. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, Панче Орцев ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлог-законот учествуваа пратениците: Мира Стојчевска, Никола Мицевски, Панче Орцев и Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

По расправата Комисијата, го проследи Предлог- законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click