Активности

Втроник, 17 март 2015 година

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на  денешната Триесет и осмата седница одржана, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесен од пратеникот Крсто Мукоски (по скратена постапка).

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде пратеникот Крсто Мукоски. 

Тој истакна дека со предложените изменувања и дополувања се врши доуредување и се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос. 

На овие лица ќе им се трансформира работниот однос доколку имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање, а по завршување на прекинот повторно се ангажирани во институцијата со договор и го исполнуваат условот од став 2 на членот 2. По исклучок на одредбите од став 1 од овој член, трансформирање во работен однос на неопределено работно време ќе се применува и за лицата кои имаат прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање во моментот на трансформирање на работниот однос, а кои имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање.

Со цел да се утврди исполнетоста на условот и времетраењето на периодот на прекинот поради бременост и/или раѓање, се предвидува формирање на Комисија од страна на министерот за здравство. Комисијата ќе издава потврда врз основа на веродостојна медицинска документација, договорите за ангажирање на лицата и потврди за извршени исплати. Условот и времетраењето на периодот за прекин поради бременост и/или раѓање Комисијата ги утврдува согласно прописите кои ги уредуваат правата за отсуство од работа поради бременост и/или раѓање. Се предлага комисијата да биде составена од три члена и нивни заменици од кои два члена и нивни заменици се на предлог на Министерот за здравство и еден член и негов заменик се на предлог на директорите на ФЗОМ. Согласно ова се предвидува доколу е потребно институциите да ги усогласат актите за систематизација во рок од 15 работни дена од денот на влегување во сила на  законот.

Покрај ова се предлага да се зголеми рокот во кој институциите се должни да склучат договори за засновање на работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување со лицата ангажирани со договор. Во однос на ограничувањата од членовите 8 и 9 од Законот со предложените измени и доплни се предвидува истите да не се однесуваат за повремени набљудувачи и стрелци во Управата за хидрометеоролошки работи и за лица за непосредно прибирање на податоци во Државниот завод за статистика.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Предлог на законот не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во претресот учествуваа пратениците г. Ѓорѓи Коџабашиев и г-ѓа Јасминка Дамческа.

На крајот од расправата, Комисијата, го проследи Предлог на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click