Активности

Среда, 13 јануари 2016 година

Триесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 38. седница одржана, како матично работно тело, во скратена постапка ги разгледа:

  • Предлог законот за изменување на Законот за шумите;
  • Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште;

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот Костадиновски, во своето образложение по Предлог-законите ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Претседателот на Комисијата, г. Панче Орцев ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, по Предлог на законите не се поднесени амандмани од страна на овластените предлагачи.

Во дискусија по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г-ѓа Мира Стојчевска, г. Љупчо Димовски и г-ѓа Олга Најденовска.

По расправата, Комисијата горенаведените Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието. 


Click