Активности

Петок, 3 јули 2015 година

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 35. седница го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање).

Комисијата ги разгледа и претресе амандманите поднесени од Законодавно-правната комисија на овој Предлог-закон.

Во Дополнетиот предлог на закон вградени се три амандмани поднесени и усвоени од Законодавно-правната комисија и усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија. 




Click