Активности

Среда, 21 октомври 2015 година

Триесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 35. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог законот за изменување на Законот за пасиштата;
  2. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште;
  3. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Михаил Цветков министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата на Република Македонија ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

Во дискусијата по Предлог законите учествуваа пратениците: Мира Стојчевска, Панче Орцев, Реџаиљ Исмаили, Олга Најденовска, Љупчо Димовски, Сашо Поцков, Никола Мицевски и Милева Ѓорѓиева.

На крајот од расправата, Комисијата  оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click