Активности

Четврток, 4 јуни 2015 година

Триесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 31. седница, како матично работно тело, ги разгледа:
  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство - II читање;
  2. Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (I фаза).
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаил Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство. Комисијата го проследи истиот на натамошна постапка во Собранието. 

Комисијата за транспорт, врски и екологија, имајќи го предвид Мислењето на Владата на Република Македонија доставено по Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (I фаза), со 8 гласа „за“, одлучи забелешките содржани во Мислењето на Владата, да бидат забелешки на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија и предложи на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, да ги вгради овие забелешки и да ги достави до Агенцијата за електронски комуникации.

Click